Клоп пред две години отворено застана против идејата за Суперлига, дали неговиот став ќе се промени?

by
0 минути читање

Суперлигата го разбранува фудбалот, богатите одлучија да си направат своја лига и да заработуваат безобразни пари рушејќи го системот на оваа игра кој е актуелен со децени.

Пред две години Јирген Клоп јасно застана против идејата за формирање на Суперлига.

„Се надевам дека оваа Суперлига никогаш нема да се случи. Зошто треба да креираме систем каде Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид десет години по ред? Кој сака да го гледа тоа“, изјави тогаш Клоп.

Тој е тренер на еден од клубовите кои се основачи на оваа лига, па ќе биде интересно да се види неговата следна реакција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×