Клоп стана тренер на Ливерпул кратко откако Стивен Џерард си замина од Енфилд, но Џерард работеше заедно со Германецот додека ги добиваше тренерските значки, па двајцата добро се познаваат.
„Искрено, навистина сум среќен поради него. Знам дека ја сакаше работата во Ренџерс, но тоа е што е. Кога имате понуда да работите во Премиерлигата, веројатно секој тренер ќе ја прифати таа можност“, вели Клоп.
„Со голем клуб како Астон Вила, можам само да замислам колку е возбуден. Ова е голема шанса за него, и е добро за клубот“.
„За неколку недели ќе се сретнеме еден против друг. Му пишав, разменивме неколку пораки. Навистина ми е драго што дојде во Премиерлигата“.
„Отсега повнимателно ќе ги гледам натпреварите на Астон Вила, но јасно е дека ќе биде поинаку кога ќе се сретнеме еден меѓу друг. Во тие 90 минути целото пријателство исчезнува. Така е со сите тренери, тоа е нормално“.