Клоп откако Ливерпул дојде на -1: Не мислам многу на Сити, тоа е вистината

by
1 минути читање

Ливерпул игра во страшна форма во Премиерлигата, пред некое време се чинеше дека Манчестер Сити лесно ќе дојде до титулата, но работите се променија, црвените дојдоа во ситуација сами да си ја решаваат судбината.

Разликата е еден бод, а можеби клучен ќе биде нивниот меѓусебен натпревар кој се игра на 10. април.

„Навистина не мислам многу на Сити, тоа е вистината“, вели Клоп.

„Знам дека единствената шанса за нас е да победиме на огромен број натпревари бидејќи нашите противници победуваат на премногу мечеви. Во последните неколку години се притискаме еден со друг до неверојатни нивоа. Можете да уживате во таа трка, но треба да бидете подготвени за интензитетот“.

„Не мислам дека е проблем за човекот да биде фокусиран на секои три дена, но проблем е физичкиот дел“.

„Во моментов сме во добар момент, во добро расположение, за три-четири недели ќе се сретнеме со Сити и ќе им дадеме голем отпор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×