Клоп нема да верува кога ќе слушне кој ќе бидe во ВАР собата против Челси

by
1 минути читање

На стартот од новата
година, Челси го пречекува Ливерпул во една од двете дерби пресметки во ракмите
на 21. коло. Според медиумите од Англија, во ВАР собата за овој меч ќе биде Пол
Тирни, одлука која сигурно нема да му се допадне на Јирген Клоп.

Германецот имаше
многу замерки за судијата по ремито против Тотнем во неделата, по последниот
свиреж, Германецот се упати на теренот и му кажа на Пол Тирни: „Немам проблеми
со ниту еден судија, само со тебе“.

Тренерот на
Ливерпул исто така му порача на судијата дека никогаш не играл фудбал и затоа
погрешно ја протолкувал ситуацијата кога Жота падна во шеснесетникот и бараше
пенал.

Јирген Клоп не се
штедеше со критиките ниту на средбата со новинарите, а беше уловен и од
камерите како го чека Пол Тирни во тунелот кон соблекувалните.

Останува да се
види каква ќе биде ракцијата на Германецот доколку има спорни моменти на
Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани