По ремито кај
Лидс и испуштените три бода од тоа гостување, Ливерпул испушти ново водство,
овој пат против Њукасл на свој терен, откако одигра 1-1.
Разочарувањето во
таборот на Ливерпул е огромно, а најмногу кај шефот на стручниот штаб Јирген
Клоп кој по мечот беше брутално искрен, но и разочаран од сето тоа што се
случува со неговите избраници сезонава.
„Не верувам дека
некој може да креира повеќе шанси, подобри шанси, од тоа што ние го креиравме
денеска, постигнавме преубав гол, но не одигравме доволно, тоа не е нешто
тешко, го одржавме противникот во живот“ изјави Клоп по мечот.
„На крајот Њукасл
го заслужи голот, бидејќи погодија и претходно, тоа беше несреќен момент за
Вилсон, но сепак имаше играње со рака, ние го искористивме тоа правило, но не
го земавме подарокот, испуштивме уште една шанса, сево ова нема смисла, не знам
што се случи…“ додаде германскиот фудбалски стратег кој од тоа што го виде
денеска подвлече дека неговиот тим не заслужува да игра во Лигата на
шампионите.
„Освоивме бод, но
истиот го чувствуваме како пораз, доколку заслужувате место во топ четирите
екипи, заслужување, јас лично не гледам дека ние заслужуваме да играме во
Лигата на шампионите од тоа што го видов денеска“ нагласи Клоп.