Клоп: Не направивме доволно за да победиме, премногу играчи беа под своето ниво

by
1 минути читање

Лестер го одалечува Ливерпул од трката за шампионската титула откако синоќа ги собра сите три бода. Можеби се ќе беше поинаку ако Салах погодеше од пенал на почетокот од мечот, но тоа не се случи.

„Можеби ако го погледнам натпреварот повторно, ќе видам дека едноставно немавме среќа. Но не сум сигурен дека тоа ќе биде мојата анализа. Ништо не ми се допадна кај нас, да бидам искрен, игравме многу чуден натпревар, имавме шанси, не ги искористивме. Тие имаа еден удар на голот и победија“, вели Клоп.

„Тие пред само два дена играа тежок натпревар против Манчестер Сити, но против нас дадоа се од себе, се бореа и бранеа во најголемиот дел од натпреварот, но тоа го правеа навистина добро“.

„Да игравме онака како што навистина можеме да играме, мислам дека би ги освоиле сите три бода, но не направивме доволно за да победиме. Премногу играчи беа под своето ниво“.

„Мојата работа е да ги сфатам таквите работи пред натпреварот, кој не е во форма и такви работи. Многу често овие момци ми давале шанса да кажам „уау, каков натпревар“ и сега е „уау“, но на сосема поинаков начин“.

„Не личевме на себе. Мораме да го промениме тоа веднаш. Морам да признаам дека Лестер ја заслужи оваа победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани