По мечот се говори за бегањето на Симеоне во соблекувалната веднаш по последниот свиреж на судијата. Клоп тргна да се поздрави со него, но тој замина без да го направи тоа.
„Да, тоа што Симеоне избегна не ми се допадна, но тоа е… Неговата реакција сигурно, као и мојата, не беше така кул. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се поздравиме. Не е тоа ништо страшно. Очигледно беше лут, не на мене, туку на играта. Нема ништо друго“, вели Клоп.
Клоп ги прокоментира пенал ситуациите и црвениот картон на Гризман.
„Го видов нашиот пенал и мислам дека е исправен. Како што мисслам дека другиот не беше пенал. Судијата ја виде снимката, мислам дека тоа беше исправна одлука. Што се однесува до црвениот картон, сигурно дека Гризман немаше среќа, но да, тоа е црвен картон, одеше со копачка во лице“.
„Тоа беше тежок натпревар, искрено не ми е гајле како победивме. Ги освоивме трите бода и тоа е навистина добро чувство“.
No handshake between Simeone and Klopp as the Reds edge Atletico in a five-goal thriller!
FT: Atletico 2-3 Liverpool pic.twitter.com/V4yYMxCPfr
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 19, 2021