Клоп: Најдоброто од Тијаго допрва доаѓа

by
1 минути читање

Тренерот на
Ливерпул, Јирген Клоп уверува дека најдоброто допрва доаѓа од Тијаго Алкантара,
со тоа што фудбалерот од средниот ред се соочи со помалку комплицирана прва
сезона во дресот на „Редсите“.

Точно 12 месеци
поминаа од ангажманот на Тијаго кој за 20 милиони евра дојде од редовите на
Баерн Минхен, а Клоп нема никакви дилеми дека 30 годишниот Шпанец е повеќе од
идеален за неговиот тим.

Допрва доаѓа
најдоброто од него, почетокот не беше перфектен, секако, а сето тоа ја доведе
ситуацијата помалку комплицирана и тешка, но тој веќе покажа и докажа што ќе
придонесе за нашиот тим, а воедно и што придонесува веќе
“ рече Клоп.

Тој е навистина
добар карактер, а повеќе од очигледно е дека станува збор за фудбалер од светска
класа, да, тој треба да се адаптира на начинот на кој ние се браниме, ние
сакаме тој да го игра својот природен фудбал
“ додаде германскиот фудбалски
стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×