Клоп: Моите момци одиграа неверојатен натпревар

by
1 минути читање

Мечот од Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Ливерпул се очекуваше да биде неизвесен, но црвените од Енфилд буквално го распарчија противникот. Диего Жота постигна хет-трик, а по еднаш погодија Салах и Мане.

„Ова беше перформансот кој ни беше потребен. Моите момци одиграа неверојатен натпревари. Предната одбрамбена линија и нападот беа исклучителни. Организацијата во средниот ред, желбата, читањето на противникот. Се беше на највисоко ниво“, вели Клоп.

„Победивме со 5-0, можевме да постигнеме уште голови, но нашиот голман имаше и три одбрани од светска класа. Многу добар натпревар“.

„Фудбалерите се заслужни за тоа, не мислам дека било кој ќе можеше да се одбрани против Садио Мане, Мо Салах и Диого Жота, не беше до тактиката, туку до тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×