Клоп: Мечот со Кристал Палас за нас е како финале

by
1 минути читање

Ливерпул се врати
во своето препознатливо издание од претходно откако запиша четири победи во
низа во Премиерлигата, а со тоа се искачи на четвртото место на табелата на
едно коло до крајот, за тоа „помогна“ и Лестер кој со киксовите против Њукасл и
Саутемптон прави еден вид реприза од ланската сезона кога прокоцка пласман во
топ четирите екипи.

Како и да е,
последното коло ќе одлучува, а предводникот на „Редсите“, Јирген Клоп вели дека
неговиот тим веќе прогресирал во финалето, откако во полуфиналето го добил
двобојот со Барнли, Кристал Палас во недела ќе биде последната пречка сезонава
на патот до успехот.

Ние на мечот со
Барнли му пријдовме како да се работи за полуфинале кое едноставно мораме да го
добиеме, победивме, но се уште ништо не е готово, единствено во моментов сме во
подобра позиција пред самиот тој натпревар, а таа позиција ја заслуживм
е“
изјави Клоп за победата од 0-3 кај Барнли, а секако дека убедливиот триумф на
фаворитот не ја отсликува реалноста која се случуваше на теренот, каде домаќинот
правеше максимални напори за изненадување, но пресуди искуството и квалитетот
на крајот.

Мечот со Кристал
Палас во недела за нас е финале, но повторувам, ништо не е готово, нашиот
противник има доста добар состав, не смееме да се опуштаме
“ додаде Германецот.

Како за
потсетување, Ливерпул во првата пресметка сезонава со Кристал Палас, го
посрамоти противникот од Лондон на негов терен совладувајќи го со убедливи 0-7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани