Клоп ја објасни реакцијата на Мане и зошто настанало недоразбирањето

by
1 минути читање

„Црвените“ за прв
пат по седум години триумфираа на Олд Трафорд и стигнаа до важни три бода во битката
за местата кои водат во Лигата на шампиони. Сепак, по крајот на натпреварот на
Садио Мане не му беше многу до радување, Сенегалецот беше лут на Јирген Клоп и
одби да се поздрави со тренерот.

Во разговор со
Скај, Јирген Клоп ја објасни реакцијата на напаѓачот, вели дека немал време да
го извести за промената на плановите па настанало недоразбирање.

„Нема никаков
проблем. Синоќа, донесов доцна одлука дека Диого Жота ќе биде стартер. Момците
вообичаено се навикнат дека треба да им се објасни ситуацијата, но немав време
за тоа“
– вели Јирген Клоп.

Мане мечот го
почна од клупата, доби шанса на 15 минути пред крајот и во игра влезе токму на
местото на Диого Жота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани