Клоп: Интер е силен тим, ова беше само едно полувреме

by
1 минути читање

Ливерпул со одличен резултат се врати од Милано, победи со 2-0 и направи крупен чекор кон четвртфиналето од Лигата на шампионите, но Клоп повикува на претпазливост во реваншот.

„Ова е само едно полувреме, ништо друго. Ќе биде тешко и треба да бидеме подготвени. Тие одиграа добро, одиграа различно, тие се многу добар тим и затоа велам дека е само полувреме, 2-0“, вели Клоп.

„Доколку беше вистинско полувреме на половина од натпревар и ние да водевме 2-0, немаше во соблекувалната да им кажам на момците, „готово, победивме, можете да ги ставите нозете на маса“. Не е завршено, треба да го знаеме тоа“.

„Не одигравме брилијантно, но доволно добро за заслужено да победиме бидејќи постигнавме два одлични гола. Тие имаа свои моменти но најчесто од контри кога ние ќе ја загубевме топката“.

„Среќен сум со исклучок на случајот со Жота кој моравме да го извадиме поради повреда на зглобот. Ќе треба да почекаме за да видиме точно за каква повреда се работи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани