Ливерпул и Манчестер Сити водат голема битка за освојување на трофејот, црвените имаат само еден бод предност, но има уште многу да се игра.
Јирген Клоп вели дека притисокот е реален, и на него му е полесно отколку на фудбалерите кои треба да покажат добри перформанси на теренот и да победуваат.
„Се разбира има притисок. Од моја гледна точка тоа е позитивен притисок, но јас не треба да играм, само седам и зборувам глупави работи, па лесно ми е“, вели Клоп.
„Сите треба да учиме во овие ситуации, единствениот начин со кој можеме да се справиме е со пасија. Овој клуб, срцето и душата на овој клуб е пасијата“.
„Во среда имаме уште една шанса за победа а потоа доаѓа дербито кое секогаш е со многу емоции и пасија“.
„Знам дека имавме многу нерешени во последните неколку натпревари, но таму сме каде што сме и одиме понатаму“.
Ливерпул во среда го пречекува Ватфорд, а во недела му гостува на Евертон во градското дерби.