Клоп: И Манчестер Сити да беше на наше место немаше да ја освои титулата во Премиерлигата

by
1 минути читање

Ливерпул не само што не успеа да ја одбрани титулата во Премиерлигата туку до последното коло се бори за пласман во Лигата на шампионите. Клоп не можеше глава да крене од повреди, особено удар беше отсуството од речиси цела сезона на Вирџил ван Дајк.

Потоа се повредија и Џо Гомез, Џоел Матип, Фабињо, Хендерсон, Жота….

„Со повредите кои ги имавме невозможно е да се стане шампион“, вели Клоп.

„Нема шанси, никој не може да го направи тоа“.

„Колку и да се добри, ако на Сити му се повредат тројца централни дефанзивци, нема шанси да ја освојат шампионската титула. Не би можел ниту Манчестер јунајтед“.

„Но треба да ги прифатиме тешкотите кои ги имаме и да го извадиме најдоброто што можеме. Ако победиме во недела и се пласираме во Лигата на шампионите ќе кажеме дека сме успеале и сме го извадиле најдоброто. Тоа е тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×