Клоп: Емери е опседнат со детали, тој е неверојатен тренер

by
1 минути читање

Вечерва Ливерпул го пречекува Виљареал во првото полуфинале од Лигата на шампионите меѓу овие две екипи. Јирген Клоп вели дека направиле детална анализа за противникот и тој е импресиониран од она што го прави Емери.

„Направивме вистинска анализа. Имав голема почит за Емери и Виљареал и претходно, но сега ги гледав внимателно и бев импресиониран“, вели Клоп.

„Емери е тренер кој е опседнат со детали. Различни начини на пресинг и различни реакции на различни резултати. Тоа е тренер од светска класа кој прави неверојатна работа“.

„Нашиот фокус е само на Виљареал и полуфиналето, тоа е посебен, луд, огромен меч. Многу тренери и фудбалери работат многу напорно за да дојдат до тука и не успеале. Ние ја имаме таа привилегија и треба да уживаме“.

„Ќе има моменти кога ќе страдаме и го знаеме тоа. Не смееме да стануваме нервозни, туку треба да направиме и тие да страдаат. Се надеваме дека ќе дојдеме до добар резултат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×