243
Јирген Клоп вели дека неговото мислење од 2019 не е променето, тој е против Суперлигата.
„Моите чувства не се променети. Моето мислење не е променето. Синоќа првпат случнав за тоа додека се обидував да го подготвам тимот за овој тежок меч“, вели Клоп.
„Имаме некои информации, но не многу. Најмногу од весниците. Ова е тешка одлука. Луѓето не се среќни со неа, и можам да ги разберам. Не можам да зборувам повеќе бидејќи ние не сме инволвирани во процесот, ниту фудбалерите, ниту јас не знаеме многу за тоа. Треба да почекаме и да видиме како ќе се развива“.
Изјавата на Клоп од 2019 година можете да ја видите на овој ЛИНК.