Клоп даде свое видување за санкциите кон Абрамович, испрати и порака до Салах

by
1 минути читање

Во пресрет на
дуелот помеѓу Ливерпул и Брајтон, Јирген Клоп се појави пред новинарите и
неизбежни беа прашањата за синоќешната одлука на властите во Велика Британија
да го санкцинираат Роман Абрамович и да му го замрзнат целиот имот, потег со
кој Челси се најде во сериозни проблеми.

„Се познаваме со
Томас Тухел, но не сме толку блиски за да разговараме секој ден. Секако, жал ми
е за него, фудбалерите и вработените во Челси бидејќи ситуацијата не е
едноставна. Тие не се одговорни за оваа ситуација. Еден човек е одговорен и тоа
е Владимир Путин. Не знам каква е улогата на Роман Абрамович, но сите знаат
дека се блиски.
Сметам дека властите донесоа исправна одлука. Но да, ова не е добро за
Челси и неговите навивачи“
– вели тренерот на „црвените“.

Јирген Клоп потоа
беше запрашан каква е ситуацијата со договорот на Мо Салах и како течат
преговорите.

„Мо очекува овој
клуб да биде амбициозен. Ние секогаш сме биле амбициозни и сме амбициозни во
моментов. Клубот стори се што можеше. Ништо посебно не се случува, Мо ниту
потпишал нов договор, ниту пак кажал дека нема да потпише. Ќе треба да почекаме
и да видиме што ќе се случи’.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×