Првото финале во Лигата на шампионите на Клоп беше во 2013 година со Борусија Дортмунд, а со Ливерпул играше во 2018 и 2019. Тој еден од малкуте тренери кои по четврти пат ќе го играат мечот за големиот пехар.
„Чувството ми е како да ми е прво финале. Прекрасно е бидејќи очигледно си ја отежнавме малку работата, но знаевме дека тоа може да се случи на вакви натпревари“, изјави Клоп.
Со влегувањето на Луис Диаз во второто полувреме работите на теренот се променија, тој беше и стрелец на еден од трите гола.
„Луис, каков фудбалер е тоа… но мислам дека не беше тој единствената причина, туку беше и тоа како ние почнавме да играме во второто полувреме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.