Пред синоќешниот
дуел со Ајакс во Лигата на шампиони, Јирген Клоп седна на разговор со БТ, а
новинарот го запраша што мисли за наследството што ќе го остави на Енфилд и што ќе кажат луѓето кога тој повеќе нема да биде тренер.
Германецот со насмевка на лицето во свој стил прокоментира дека најпаметно ќе
било уште летоска да си заминел од Ливерпул.
Тој е тренерот
кој го предводеше Ливерпул до прва титула во Премиерлигата по 30 години пауза, им ја
исполни желбата на навивачите, па никој нема да каже лош збор за него.
„Ако бев паметен,
уште летоска ќе си заминев од Ливерпул. Луѓето ќе имаа само позитивни работи за
мене, но за жал не сум толку паметен“ – вели Јирген Клоп.
„Видете, кога
кажав, „Не ме интересира што ќе речат луѓето кога ќе пристигнам, туку што ќе
кажат кога ќе си заминам“, тоа беше наменето за Борусија Дортмунд и начинот на
кој се збогував со „милионерите“. Луѓето беа позитивни кога пристигнав а беа
позитивни и кога си заминав, се разделивме во добри манири“.
„Па доколку така
се разделам и со Ливерпул, без разлика кога ќе се случи тоа, ќе бидам задоволен
и среќен. Не знам кои титули ќе ги освоиме до тогаш, но можам да ветам дека ќе
го дадеме максимумот и ќе се обидеме да освоиме што е можно повеќе трофеи“.