Клинсман: Ливерпул е силен тим, но и тие се луѓе, Интер има шанса

by
1 минути читање

Интер на свој терен загуби со 2-0 во првиот меч против Ливерпул, па сега ќе има исклучително тешка задача таа негатива да ја надополни на Енфилд.

Но, Јирген Клинсмам вели дека во фудбалот се случуваат чуда и Интер може да го елиминира Ливерпул.

„Секогаш има шанса, во текот на 90 минути можат да се случат и незамисливи работи“, вели Клинсман.

„Ливерпул е исклучителен тим, но и тие се луѓе. Интер нема што да загуби и тоа е најдобра позиција. Доколку дадат гол во првото полувреме, самодовербата ќе им се зголеми, а потоа кој знае?“.

„Интер даде се во првиот меч, им недостасуваше само гол. Дури и Интер да доживее елиминација, начинот на кој загубиле може да направи разлика за остатокот од сезоната. Тие треба да се борат како лавови, со ентузијазам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×