56 годишниот
Јирген Клинсман вели дека секогаш би имал во предвид да ја разгледа понудата за
да го предводи неговиот поранешен клуб Тотнем, доколку дојде до таква прилика
секако.
Клинсман беше
член на „Спарси“ во периодот од 1994/95 година пред да се врати на позајмица
две години подоцна, а постигна 29 погодоци на 50 настапи во Премиерлигата, а
беше доста популарен лик во клубот од Северен Лондон.
Како и да е,
Германецот моментално е без ангажман откако си замина од Херта минатата година,
а не крие дека е заинтересиран за тренерската позиција во Тотнем, која остана
испразнета по отказот за Жозе Мурињо, е привремено решение до крајот на
сезоната е Рајан Мејсон.
„Дефинитивно, не
треба да се сомневате во тоа, Даниел Леви го има мојот број, може да ме побара
кога и да посака, Тотнем е секако опција која секогаш би ја имале во предвид“
изјави Клинсман за „Скај Спортс“ со што директно го прозва и првиот човек на
Премиерлигашот.
„Во тек сум со
настаните во клубот, а да се работи во Тотнем секако е нешто посебно, таму го
имав најубавиот период од мојот живот“ додаде Германецот.
„Постои голем
квалитет во тимот, секако дека потребно е решавање на одредени проблеми и
прашања, но клучното во сето тоа е дефинитивно Хари Кејн, потребно е да се
направи максимум за да се задржи во тимот“ заклучи Клинсман алудирајќи на
фактот дека „Спарси“ доколку посакуваат успеси, најпрво ќе мораат да го убедат
Кејн да остане.