1,4K
Баерн Минхен е на само бод од титулата во Бундеслигата, а првата шанса да го врати трофејот ја има утре против РБ Лајпциг. Баварците гостуваат на „Ред Бул Арена“ со амбиции математички да ја затворат трката титулата во Бундеслигата.
Интересно, на овој натпревар Хари Кејн нема да биде на располагање на тренерот Винсент Компани. Англискиот ветеран доби жолт картон против Маинц и е суспендиран на еден натпревар.
Тоа значи дека клетвата на Тотнем Спарс поврзана со трофеите и натаму во една мера го следи Хари Кејн…