По завршувањето
на домашниот преоден рок, клубовите од Премиерлигата беа должни да достават
список од 25 играчи кои ќе имаат право за настап до Нова година, односно до
почетокот на зимскиот преоден рок, кога клубовите имаат можност да го променат
списокот.
Арсенал реши од
списокот да го изостави Месут Озил, фудбалерот со најголеми примања во
историјата на клубот.
Поради тоа што го
нема во списокот за Премиерлигата, Германецот нема да може да игра ниту во Лига
Купот, претходно беше изоставен и од составот за Лига Европа, па тоа значи дека
нема да го облече дресот до крајот на годината а секоја недела ќе добива плата
од 350.000 фунти.
Ваквиот потег на
„топчиите“ можеби делува како лудост, но до некаде беше и очекуван, Месут Озил
нема одиграно ниту една минута од март месец.
Арсенал сега ќе
се обиде да го продаде играчот во јануари, и да ги заштеди последните шесет
месеци од договорот.