169
Дидие Дрогба во
2018 година се пензионираше од професионалното играње фудбал, меѓутоа тој на
добротворен натпревар во дресот на Олимпик Марсеј потсети на својата умешност
во однос на голгетерските способности.
Поранешниот
фудбалер од Брегот на Слоновата Коска беше дел од тимот на легендите на Олимпик
Марсеј, кој ги одмери силите против тимот на УНИЦЕФ предводен од Арсен Венгер.
Дрогба постигна
хет-трик во победата на неговата екипа од 7-4.