Кјелини потврди дека заминува од Јувентус: Среќен сум што си одам на високо ниво, ќе бидам најголем фан на тимот

by
1 минути читање

Легендарниот Кјелини по крајот на оваа сезона си заминува од Јувентус, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во МЛС.

„Имавме десет неверојатни години, сега останува момците да продолжат. Јас направив се што можев и се надевам дека оставив нешто. Во понеделник ќе им кажам збогум на фановите на Јувентус стадионот, а потоа ако ми останала уште малку сила, може да играм и во Фиренца“, вели Кјелини.

„Ова е 100 проценти мој избор, среќен сум што си заминувам на така високо ниво бидејќи со години велам дека не сакам да завршам мачејќи се и да не сум способен да играм на моето ниво“.

„Дадов се од себе досега и ќе бидам најголем фан на Јувентус откако ќе заминам. По толку многу години во клубот не можете да не го засакате“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани