62
Кјелини беше еден од хероите на Италија за освојувањето на Европското првентво, но годините го газат па неизвесно е дали ќе може да настапи и на Мундијалот во Катар.
Дефанзивецот на Јуве наполни 37 години, но не ја отфрла можноста за настап на СП.
„Ако играм добро и имам среќа да имам континуитет, можеби ќе настапам на СП. Но треба да размислуваме на сегашноста, да не мислиме премногу на иднината“, вели Кјелини.
Кјелини има потпишано договор со Јувентус до јуни 2023 година, а тогаш се очекува и да се пензионира.