177
Кјелини и Буфон се вистински икони на Јувентус, договорите на двајцата ветерани им истекуваат по крајот на сезоната, но во моменетов не преговараат за нови.
„За време на интернационалната пауза се појавија информаци дека имало проблем за продолжување на договорите со мене и Буфон. Но тоа не е точно“, вели Кјелини.
„Проблем не постои, ние никогаш не сме биле, не сме и нема да бидеме проблем“.
„Пазарот е неверојатен, но јас никогаш нема да облечам друг дрес во Италија или Европа, нема таква алтернатива“.
„Во моментов фокусиран сум само на Аталанта“.