134
32 годишниот
дефанзивец на италијанскиот прволигаш Милан, Симон Кјаер го продолжи својот
договор со клубот од Милано до 2024 година.
Договорот на
Данецот истекуваше идното лето, меѓутоа искусниот стопер ја продолжи
соработката со „Росонерите“ за чии редови настапува од лани.
Кјаер досега
одигра 66 меча за Милан, а постигна и еден гол.