84
Го купија за 41
милион евра, а сега можат да го продадат за 65 милиони евра, откако Барселона
доби понуда од Кина за својот бразилски офанзивец Малком кој на Камп Ноу
пристигна изминатото лето од редовите на Бордо.
За тоа како се
оствари тој трансфер веќе јавноста е запознаена, но, Малком не доби адекватна
прилика за докажување во редовите на каталонскиот гигант, кој би можел да го
напушти уште во јануарскиот преоден рок.
21 годишниот
Бразилец одигра само 296 минути за Барселона во сите конкуренции досега, не е
во преден план кај Ернесто Валверде, а по продажбата на Паулињо во Кина за 50
милиони евра, сега Каталонците би можеле повторно да реализираат трансфер на
свој фудбалер на Далечниот Исток.