Кимих нема ништо против нова соработка со Гвардиола во Баерн Минхен

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Баерн Минхен, Џошуа Кимих вели дека нема ништо против евентуалното враќање на
Пеп Гвардиола на клупата на германскиот првак, откако таа опција осамна низ
неколку медиуми за крајот на актуелната сезона.

Гвардиола, кој се
поврзуваше со клупата на Јувентус пред назначувањето на Маурицио Сари на таа
позиција, се вели дека е еден од главните кандидати за тренерската позиција во
Баерн Минхен по Нико Ковач, кому му беше врачен отказ по поразот од Ајнтрахт
Франкфурт со 5-1, а Ханси Флик е привремено решение за таа позиција.

Почит за
Гвардиола, меѓутоа јас немам никаква претстава за тоа какви се плановите на
клубот со Ханси Флик
“ изјави Кимих.

Прво, сите
помислија дека ние ќе добиеме нов тренер по интернационалната пауза, сега ги
добивме двата меча во низа под водство на Флик и се чини дека тој ќе остане
можеби и цела сезона на таа позиција, ние фудбалерите немаме никаква поврзаност
со намерите на клубот
“ додаде тој.

Секако, јас го
знам добро Гвардиола и можам да му се заблагодарам на повеќе начини, тој ме
зема од втора лига и ми укажа прилика за докажување во Бундеслигата, освоивме
двојна титула заедно и по таа сезона јас станав играч на Германија, со тоа,
секако дека јас не би имал ништо против Гвардиола да се врати тука
“ заклучи
Кимих.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани