Денешните натпревари од Премиерлигата донесоа две големи изненадувања, се очекуваа лесни победи на Ливерпул и Манчестер Сити, но никој од нив не освои три бода.
Ливерпул почна одлично, Хендерсон уште во 4. минута донесе водство од 1-0, а во 24. минута Мане зголеми на 2-0.
Десет минути подоцна Мане даде уште еден гол, но погодокот го постигна со рака па ВАР му го понушти. Ототгаш се сменија работите.
Мепу во 41. минута намали на 2-1, а Тросар во 65. постигна гол за 2-2. Брајтон во еден моменет се израдува и на комплетн пресврт, но погодок на Тросар во 76. минута беше поништен поради офсајд.
Уште полошо помина Манчестер Сити кој на свој терен загуби од Кристал Палас со 2-0.
Заха во 6. минута Галагер во 88. минута ги постигнаа головите за Кристал Палас.
Лапорте пред крајот на првиот дел заработи црвен картон, а во 60 минута ВАР му поништи гол на Габриел Жесус.
Овие резултати ги искористи Челси, победи на гостувањето кај Њукасл со 3-0 и се одлепи на врвот.
Рис Џејмс беше двоен стрелец за Челси, еднаш погоди Жоржињо од пенал.
Барнли со 3-1 го победи Брентфорд, Саутемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Ватфорд.