Киеза на социјалните мрежи се радува што повторно ќе игра со Влаховиќ

by
0 минути читање

Еден од фудбалерите на Јувентус кои со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Влаховиќ е Федерико Киеза.

Тие двајца беа одличен тандем во Фиорентина, а сега заедно ќе играат во нападот на Јувентус.

„Тутоспорт“, весникот близок до Јувентус, информира дека Киеза по социјалните мрежи веќе го слави доаѓањето на Влаховиќ, тој ги лајка сите постови на инстаграм кои ќе ги види со информациите дека Србинот се сели во Јуве.

Фиорентина и Јувентус постигнаа договор за висината на обесштетувањето, останува уште Влаховиќ да ги договори деталите и можеби трансферот уште утре ќе се официјализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×