1,4K
Кевин Де Брујне заминува од Манчестер Сити по крајот на сезоната, откако објави дека нема да ја продолжи соработката со клубот.
Се споменуваат доста можни дестинации за овој фудбалер. Де Брујне не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија и наводно повеќе го привлекува сончевата Флорида.
Интерес за Белгиецот од САД постои од Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам во кој настапуваат Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Според информациите Де Брујне е заинтересиран за потенцијална преселба во МЛС лигата.
Интерес за белгискиот играч постои и од Европа, ама не од „кремот“ поради неговата возраст и склоност кон повреди.