Кевин де Брујне го одигра последниот меч на Етихад, убедлив триумф на Сити! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити со 3-1 го победи Борнмут во меч во кој сите погледи беа свртени кон Кевин де Брујне кој за последен пат играше на Етихад во светло синиот дрес.

Емотивен меч за легендарниот Кевин де Брујне, белгискиот фудбалер го одигра последниот натпревар на домашен терен за Манчестер Сити.

Тој беше стартер на мечот, а навивачите на Манчестер Сити со огромен банер на трибините го поздравија својот крал.

За истакнување е и враќањето на Родри кој влезе во финишот од мечот на местото од Халанд.

Натпреварот го отвори Мармуш со фантастичен погодок во 14. минута, а Бернардо Силва во 38. минута зголеми на 2-0.

Во 67. минута Ковачиќ доби црвен картон, но силите се изедначија само седум минути подоцна кога и Кук заработи исклучување.

Во 89. минута Нико зголеми на 3-0, а во судиското продолжение Џебисон даде почесен гол за Борнмут поставувајќи ги конечните 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани