96
„Кориере дело
Спорт“ тврди дека 24 годишниот фудбалер од средниот ред Франк Кеси веќе стана
проблем на „Сан Сиро“ во Милан, со тоа што неговото заминување од клубот е
речиси неизбежно.
Самиот Кеси претходно
јасно наведе дека посакува да остане во редовите на „Росонерите“ засекогаш, но
одби да стави потпис на нов договор со клубот од Милано.
Перформансите на
Кеси се променија на лошо, а „Кориере дело Спорт“ наведе дека интернационалецот
од Брегот на Слоновата Коска има повеќе опции за тоа каде да ја продолжи
својата кариера.
Се верува дека
ПСЖ е сериозно заинтересиран за неговите услуги, меѓутоа негови можни следни
дестинации се воедно уште и Тотнем, Манчестер јунајтед, Барселона и Челси.