166
Кеси во моментов
игра на олимписките игри со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Тој
се поврзува со Ливерпул и Тотнем, но сакајќи да стави крај на сите гласини,
одговори од Токио.
„Горд сум што го
одбрав Милан и немам намера да си одам. Напротив, сакам да останам во Милан
засекогаш“, изјави Кеси.
Тој е во
преговори за нов договор и се надева дека тоа ќе го реши штом се врати од
Олимписките игри.
„Кога ќе се
вратам од Олимпијадата, ќе средам се. Го сакам само Милан. Спортскиот директор
Паоло Малдини ги знае моите размислувања. Сакам да претставувам Милан до крајот
на животот“.