32 годишниот
напаѓач Енди Керол имаше свои моменти во кариерата, а пред десет години беше
најскапиот британски фудбалер по трансферот вреден 35 милиони фунти од Њукасл
во Ливерпул, а ланската сезона не успеа да се избори за стандардна минутажа под
кормилото на Стив Брус, па така остана без ангажман во моментов.
Керол се надева
дека во скоро време ќе пронајде нов клуб, а во интервјуто со легендарниот Алан
Ширер за „Атлетик“ тој открива дека неговите деца се уште мислат дека ќе
потпише за гиганти од типот на Манчестер Сити или Барселона.
„За момент
помислив дека кариерата ќе ја завршам во Њукасл, помислив дека таму ќе останам
во наредните четири или пет години, но тоа не се случи поради многу причини, да
бидам искрен, сево ова беше тешко за мене, не играв во моменти кога помислив
дека би можел да направам разлика“ рече Керол кој за време на својот втор
престој во Њукасл запиша само еден гол во 43 настапи.
„Моите деца се
уште мислат дека јас ќе потпишам за Манчестер Сити или Барселона, а тоа е нешто
што сите знаеме дека нема да се случи, но тие се уште ме притискаат да
пронајдам нов клуб, а токму тоа и го правам во моментов, сакам да играм пред
очите на моето семејство, да победувам“ додаде Англичанецот.