74
Тотнем потешко од очекувањата ги освои трите бода против ВБА. Тимот на Мурињо напорно се бореше да дојде до победата, но работите не одеа лесно, домаќините се покажаа во одлично издание.
И двете екипи имаа по неколку шанси, особено во второто полувреме кое беше многу посодржајно.
Клучниот момент се случи во 88. минута кога по асистенција од Доерти, Кејн погоди со глава за победа од 1-0.
Со овие три бода Тотнем се искачи на првото место во Премиерлигата, од таму ќе паднат денеска ако Лестер или Ливерпул победат.