Кејн во договорот со Баерн има посебна клазула – може да замине за „ситница“!

by Стефан
1 минути читање

Германскиот „Билд“ денеска објави непознати детали од договорот на Хари Кејн со Баерн Минхен и откри дека репрезентативецот на Англија овој јануари можел да замине.

Имено, Кејн во договорот со Баерн има клазула според која во јануарскиот преоден рок можел да замине за 80 милиони евра, но ниту еден клуб не ја искористи оваа опција.

Но, наводно и самиот Кејн не сакал во овој момент да го напушти Баерн бидејќи е среќен во Минхен и сака и понатаму да го носи дресот на Баерн.

Но, „Билд“ пренесува дека клазулата ќе биде активна и наредното зимо и тоа за помал износ. Во наредниот зимски преоден рок секој кој ќе сака да го доведе Кејн според информациите на „Билд“ ќе треба да плати 65 милиони евра и тоа е сума што е вистинска „ситница“ за напаѓач како aнглискиот голгетер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани