Кејн во 95. минута го фрли шампионот на колена, Тотнем го совлада Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Возбудлив натпревар на Етихад, Тотнем си замина со цел плен, Хари Кејн погоди во 95. минута и го фрли шампионот на колена.

Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа веќе во 4. минута, Кулушевски го постигна својот првенец во Премиерлигата.

Манчестер Сити дојде до изедначување во 33. минута, Гундоган погоди за 1-1.

Тотнем се врати во водство по еден час игра, Кејн го совлада Едерсон на поблиската статива за 1-2.

Судиското надополнување донесе голема драма, судијата се консултираше со ВАР за да покаже на белата точка во корист на домаќините а Марез од пенал изедначи на 2-2 во 92. минута.

Сепак, последниот збор го имаше Кејн, напаѓачот во 95. минута го натскока својот чувар и со глава го матираше Едерсон за 2-3 и огромна радост.

Антонио Конте стана првиот тренер на Тотнем кој го победил Пеп Гвардиола на Етхихад, и му направи услуга на Ливерпул, кој сега може да се доближи на три бода до лидерот на табелата и да се врати во трката за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×