Првата ѕвезда на
Тотнем, напаѓачот Хари Кејн можеби го даде најголемиот знак досега дека е можно
да си замине од клубот од Северен Лондон, а такво сценарио се шпекулира дека би
можело да се случи на лето.
Помина уште една
сезона без трофеј во клупските простории на „Спарси“, а се чини дека тоа го
фрустрира и самиот Кејн, кој на фудбалските награди на Лондон беше прогласен за
фудбалер на годината во Премиерлигата, но во изјавата точно наведе што посакува
– трофеи со клубот.
„Инвивидуалните
награди се одлични, тие се фантастично достигнување за една особа“ рече Кејн.
„Целта во
моментов како фудбалер е да освојувам трофеи со тимот, се’ додека оваа награда е одлична, јас
посакувам да ги освојувам најголемите награди кои би можеле да се освојат како
тим, но ние не делуваме добро на тој план“ додаде тој.
„Доколку постои
некој избор, јас би преферирал освојување на колективни награди, заедно со
тимот, а не индивидуални, но тоа е што е во моментов, тоа е една од ситуациите
која е отежнувачка“ заклучи напаѓачот кој сезонава постигна фантастичен учинок
од 21 гол и 13 погодоци во Премиерлигата.