Првата ѕвезда на
Тотнем, Хари Кејн се помири со судбината, па така ќе остане во клубот и оваа
сезона откако Манчестер Сити не успеа да го доведе во своите редови, а првиот
човек на „Спарси“, Даниел Леви не отстапуваше од бараната сума за обештетување
во висина од 150 милиони фунти.
Во целата оваа
сапуница со Кејн, „Атлетик“ известува дека тој ја одбил понудата за нов договор
од Леви веднаш штом се вратил од својот одмор овој месец, а во истиот имало
значително зголемување на неговата плата.
„Атлетик“ додава
дека Кејн договорот го добил на 7 август, а имал и директна средба со Даниел
Леви, како и Фабио Паратичи, а на 28 годишниот напаѓач му бил даден и рок за да
размисли за понудата.
Веќе имаше
шпекулации дека Кејн сега би влегол во преговори со клубот, меѓутоа од истиот
бара да биде најплатениот фудбалер во Премиерлигата со неделна плата од 400
илјади фунти.