Кејн не памети ваква сезона, ги собра сите награди во Германија

by Стефан
1 минути читање

Англискиот голгетер Хари Кејн имаше сезона од соништата во Бундеслигата, не само што ја освои својата прва тимска титула во професионалната кариера, туку ги собра и сите најпрестижни индивидуални признанија во германското првенство за сезоната 2024/25.

Кејн денеска и официјално беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а претходно ја обезбеди титулата најдобар стрелец, со вкупно 26 погодоци во дресот на Баерн Минхен.

„Прекрасно е чувството да се биде избран за играч на сезоната тука. Гордо го прифаќам ова признание, особено затоа што доаѓа во година во која ја освоивме титулата. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, ова немаше да биде возможно без нивната поддршка“, изјави Кејн.

Со своите 26 голови, англискиот напаѓач испиша историја, стана првиот фудбалер што бил најдобар стрелец во своите први две сезони во Бундеслигата, потврдувајќи дека е еден од најконстантните напаѓачи во европскиот фудбал.

Фото: Bundesliga/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани