Хари Кејн има „историја“
со повреди на глуждот, а последната е од гостувањето кај Евертон каде „Спарси“
ремизираа со резултат 2-2 во петокот, а двата гола на гостинскиот тим беа дело
на Кејн кој се здоби со повреда во самиот финиш од пресметката.
Вчера напаѓачот
беше подложен на медицински прегледи, а резултатите се очекуваат да бидат
готови денеска, а сигурно дека освен навивачите на Тотнем, резултатите ги
очекуваат и општо навивачите на англиската фудбалска репрезентација во пресрет
на Европското првенство.
Од тоа што е
познато за претходно, Кејн секогаш се рехабилитирал побрзо од таквите повреди
од што било за очекување, а никогаш не била потребна операција, тоа што
навистина загрижува е фактот што Ришарлисон со сета своја тежина го превитка
глуждот на Кејн во една неочекувана ситуација за обајцата фудбалери секако.
Од аспект на тоа
што сите го видоа пред малите екрани, за момент наликуваше како оштетување на
страничните лигаменти, кои се во надворешниот дел, а оштетување на страничните
лигаменти, кои го заштитуваат пределот на глуждот е доста сериозно.

Ваков вид на
повреда би можело да доведе до операција, но фактот што на Кејн не му беше
потребна дополнителна помош при движењето по мечот сугестира на тоа дека не
станува збор за таков случај.
Меѓутоа, „Дејли
мејл“ додава дека дури и во таков случај, на Кејн би му биле потребни две до
три седмици пауза од терените, но потсетува дека напаѓачот и претходно се
соочил со идентична повреда, а се враќал на терените побрзо од што било за
очекување.
Евентуална пауза подолга од една седмица сигурно би донела големи проблеми за Тотнем во битката за излез во Европа за идната сезона, ако се земе во предвид дека „Спарси“ речиси ја загубија битката за место во Лигата на шампионите, a отсуство на напаѓачот кој во моментов со 21 гол е прв стрелец во Премиерлигата, е секако проблем и за Мурињо.
Каков и да биде
распоредот, медиумите на Островот наведуваат дека голема е веројатноста Кејн да
биде поштеден на мечот од Премиерлигата во четврток на домашен терен против
Саутемптон, доколку постои можност да биде во комбинација за настап против
Манчестер Сити во финалето од Карабао купот предвидено да се одигра идната
недела.