Кејн ја научи лекцијата па ќе оди по стапките на Грилиш

by
1 минути читање

Хари Кејн ова
лето беше желба на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити беше подготвен да плати 120
милиони фунти, но Даниел Леви одби да го продаде својот најдобар играч.

Хари Кејн синоќа
стави крај на сите шпекулации и соопшти дека останува во Тотнем. Тајмс објави
дека напаѓачот сега ќе побара покачување на платата и ќе бара да добие 400.000
фунти неделно, Англичанецот верува дека ако Тотнем го цени на 150 милиони
фунти, треба да добие и плата која ќе одговара на таа сума.

Телеграф додава
дека Хари Кејн ќе побара и откупна клаузула. Со оглед на тоа дека Даниел Леви
не го испочитувал џентлменскиот договор, фудбалерот сега ќе бара писмени
гаранции дека ќе може да замине од Северен Лондон.

Интересно, вакво
нешто минатото лето направи Џек Грилиш. Англичанецот пред 12 месеци реши да ги
одбие гигантите и да потпише нов договор со Астон Вила, но со откупна клаузула
од 100 милиони фунти.

Па кога Манчестер
Сити овој месец достави понуда вредна 100 милиони фунти, Астон Вила не можеше
да стори ништо и Џек Грилиш се пресели на Етихад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×