Кејн има повреда, но Мурињо смирува: Не е страшно, мислам дека ќе игра против Арсенал

by
1 минути читање

Тотнем утре му гостува на ЛАСК во Лига Европа, а потоа во недела го пречекува Арсенал во големото дерби на Северен Лондон.

На денешната прес конференција Мурињо зборуваше за повредените фудбалери меѓу кој е и главната ѕвезда, Хари Кејн.

„Не верувам дека Ламела има шанси да игра против Арсенал. Кејн, Винисиус и Регилон има шанси да бидат фит за во недела“, вели Мурињо.

„Нема да ви кажам за каква повреда станува збор, но нема да ве лажам, мислам дека добри се шансите Кејн да игра против Арсенал, не кријам ништо, мислам дека ќе игра, такво чувство имам“.

Добра вест за Тотнем е враќањето на Тоби Алдервирелд, кој поради повреда ги пропушти мечевите против Лудугорец и Челси, нема да биде опција и за дуелот со ЛАСК, но ќе биде спремен за Арсенал.

„Има шанси Алдервирелд да игра. Не утре, не е ни опција за утре, но добро се опоравува и има шанси да игра во недела. Но Џо Родон играше против Челси во недела, тоа не беше лесен меч како за прв меч. Дејвисон ќе игра утре исто така, па имаме опции. Ако Тоби не може недела, нема да плачеме, ќе биде шанса за некој друг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×