Кејн има порака за расистите кои ги навредуваа Сака, Рашфорд и Санчо (ФОТО)

by
1 минути читање

Овој примитивен однос на дел од англиските фанови наиде на многу реакции на јавноста. Сите ги осудуваат расистите и бараат државата да биде поостра кон нив и конечно да донесе реални промени за искоренување на ваквите навреди.

Капитенот на Англија, Хари Кејн застана во одбрана на своите соиграчи и упати порака до расистите.

„Тројцата момци кои беа брилијантни цело лето и имаа храброст да истапан и да ги изведат пеналите кога ризикот беше голем. Тие заслужуваат поддршка а не расистички навреди кои ги трпат. Доколку навредувате некој на социјалните медиуми вие не сте фанови на Англија и ние не ве сакаме“, напиша Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×