Кејн и Сон се на сигурно под кормилото на Конте, но не и сите останати

by
1 минути читање

По првите десет
кола во Премиерлигата, екипата на Тотнем под водство на довчерашниот тренер
Нуно Еспирито Санто запиша пет победи, а исто толку и порази, што беше доволна
причина за отказ на португалскиот фудбалски стратег.

Токму Антонио
Конте е новиот предводник на „Спарси“, а тој сигурно ќе има полни раце работа
во периодот кој претстои, а медиумите веќе пишуваат за тоа кој ќе мора да си
бара нов клуб од составот на тимот од Лондон.

Се верува дека
Италијанецот добил уверувања од раководството на клубот дека во јануари ќе
добие засилувања во тимот, а наводно Конте ги пикирал Душан Влаховиќ од
Фиорентина, односно Франк Кеси од Милан.

Како и да е, Хари
Кејн и Хјонг-мин Сон ќе продолжат да бидат клучни во редовите на „Спарси“, а се
верува дека Стивен Бергвајн ќе се соочи со дополнително „стеснување“ на
минутажата, а шанси речиси никакви му се препишуваат на Џовани Ло Селсо.

Лукас Мура и
Брајан Хил исто така не би требало да се чувствуваат сигурни во тимот, со оглед
на препознатливиот формациски систем од 3-5-2 на Конте, а допрва спортскиот
директор Фабио Паратичи ќе ги крои плановите за тоа што понатаму со Деле Али, кого го очекуваат уште потешки денови во Тотнем под кормилото на новиот тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани