Како што одигра против Манчестер Сити и Челси, Мурињо со истата тактика настапи и во дербито со Арсенал и тоа се покажа како добитна рецепта.
Арсенал имаше многу повеќе посед на топката, но тоа беше јалово, тимот на Артета речиси и да не создаде сериозна шанса за гол.
Резултатот беше отворен во 13. минута кога по додавање од Кејн, Сон постигна прекрасен гол за водство на Тотнем од 1-0.
Во судиското продолжение од првото полувреме нова контра за Тотнем, овој пат Сон асистира до Кејн кој ги постави конечните 2-0.
Во второто полувреме тимот на Мурињо уште толку се затвори, го оневозможи Арсенал да биде опасен и на крајот ги освои трите бода со кои се врати на врвот на табелата во Премиерлигата.