Даниел Леви уште
еднаш покажува дека е тежок човек за преговори, неколку извори од Англија
пренесуваат дека Манчестер Сити е подготвен да плати рекордни 125 милиони фунти
за услугите на Хари Кејн, но првиот човек на Тотнем одбива да прифати продажба
и не крева слушалка.
Сето ова го
фрустрира Хари Кејн, кој е разочаран од однесувањето на Даниел Леви. Напаѓачот
верува дека има џентлменски договор помеѓу двете страни и „спарси“ треба да му
дозволат да направи трансфер.
Како што пишуваат
медиумите, Даниел Леви минатото лето му порачал на Хари Кејн дека Тотнем ќе
стори се за во сезоната 2020/21 да биде освоен трофеј и да се обезбеди настап
во Лигата на шампионите, а доколку не се остварат овие цели, тој ќе може да го
напушти клубот.
„Спарси“ минатата
сезона ја завршија без трофеј и на позицијата број 7 во Премиерлигата, па сега ќе играат во Конференциска лига, најслабото натпреварување во Европа.